Права на корисникот
- Секој корисник има право да отовори нова тема и да остава мислења на веќе отворените теми.
- Сите корисници на форумот ги молиме да водат рачун каде и какви теми отвараат. Доколку администраторите и модераторите мислат дека темата е отворена на погрешно место, таа ќе биде преместена.
- Секој корисник може да побара помош од администраторот или модераторот.
- Корисниците имаат право да ја критикуваат работата на администраторите и модераторите. Доколку некој корисник мисли дека се повредени неговите права или е оштетен од страна на администраторите и модераторите на форумот, својот приговор можат да го искажат преку ПП(Приватна Порака) или емајл.
Начин на пишување
- Не отварајте теми кои веќе се отворени од страна на некој друг член. Пред да отворите нова тема употребете ја опцијата БАРАЈ за да видете дали веќе ја имаа таа тема за која сте решиле да ја стартувате.
- Немојте да оставате мислења кои не се поврзани со отворената тема. Сите такви мислења се сметаат за оф-топик и ќе бидат избришани.
- Немојте да започување теми „Што мислите за ова... бла бла бла...“ . Исто така тоа важи и за оставањето на мислења „Се согласувам“ , „Супер “ , “Не е така...“ ...
- Немојте да испраќате мислења кои содржат приватни муабети. За сите тие муабети постојат програми за чат.
Забрането е:
- Забрането е да ги навредувате членовите на форумот или да ги дискриминирате.
- Забрането е поставување на лични информации на некои од членовите на форумот. Како на пример: „улица на која живее“, “телефонски број“ и сл...
- Забрането е поставување на дискусии кои сте ги вршеле преку приватни пораки на форумот, без дозвола на корисникот.
- Немојте да навлегувате во конфликти со модераторите или администраторите.
При пишување на форумот, ве молиме да не го правите следното:
1. Да не пцуете во постовите.
2. Поставување на линкови кои водат кон други форуми не се толерира.
3. Ве молиме не пишувајте со ГОЛЕМИ и букви во БОЈА на форумот. Тие се „резервирани“ за администраторите и модераторите.